Спировска се искачи на Галичица

Водителката Ирена Спировска минатиот викенд се искачи на Галичица, на врвот Магаро. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии од искачувањето на врвот висок 2255 метри. Ирена напиша дека обожава да планинари, а следбениците ѝ поделија бројни комплименти, што за изгледот, што за успешниот потфат.

„Ирена, наклон за твоето спортување. Планинарењето е убав спорт, ама треба храброст“, стои во еден од коментарите.

Ова не е првпат водителката да искачи некој висок врв. Таа е позната како голем љубител на планинарењето, а честопати оди на планинарење и надвор од Македонија.

Scroll to Top