Стојчевски: „Посакувам победа против Црвена ѕвезда“

Фудбалерите на „Силекс“ од Кратово деновиве престојуваат во Анталија, Турција, каде што тренираат пред почетокот на вториот дел од македонското првенство. Нивниот одбранбен играч Столе Стојчевски беше избран во најдобриот тим во полусезоната 2017/2018. Овој тим се избира од играчи од сите клубови од првата македонска лига.

„Остануваме во Анталија до почетокот на февруари. Работиме напорно на тренинзите, а во меѓувреме ќе имаме и шест контролни средби каде што ќе си ја темпираме формата. Најзвучно име меѓу нашите противници е поранешниот европски и светски шампион ‘Црвена ѕвезда’,“ рече Стојчевски за „Репортер“.

Тој призна дека „Ѕвезда“ никогаш не бил негов омилен тим, ама со нетрпение чека да играат против нив, но и посакува победа.

Во моментов „Силекс“ се наоѓа на третото место на табелата.

„Тоа ни е целта за оваа сезона, да играме квалификации за европските натпреварувања. Јас лично имам дополнителен мотив да дадам сè од себе, да работам повеќе, бидејќи бев во тимот на полусезоната. Тоа е награда за сработеното во минатото“, додаде Столе.

(А.Ј)

Scroll to Top