Судијка ја прати Јанкулоска на гинеколошки преглед

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска беше на гинеколошки преглед по наредба на судијката Добрила Кацарска, оти во судот доставила документ дека има ризична бременост. За да се осигура дека нејзината бременост е навистина тешка, судијката даде налог комисија од неколку гинеколози да ја провери здравствената состојба на Јанкуловска на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Јанкулоска треба да се породи за неколку дена.

Таа не се појави на последното судење за случајот „Тенк“, за набавката на скапиот „мерцедес“. Пред некој месец побара да ѝ се суди одделно заради бременоста.

Scroll to Top