Сузана Спасовска се огласи: Тука сум, луѓе мои!

Фолк-пејачката Сузана Спасовска се врати од Кина, каде што престојуваше изминатиов период. Таа на својот фејсбук-профил објави статус на кој вели „Тука сум, луѓе мои, се вратив од Кина. Овој пат беше кратко, ама слатко“.

Фолк-дивата особено го привлече вниманието со видеото што неодамна го пушти на социјалните мрежи на кое пее песна на Кинескиот ѕид, а туристите воодушевени ракоплескаат на нејзиниот спонтан настап.

Сузана Спасовска е чест гостин во Кина, но и една од ретките кај нас што го учат и убаво го зборуваат кинескиот јазик.

Scroll to Top