Сузе на Лешок запеа за МПЦ  

Фолк-дивата Сузана Спасовска го отвори традиционалниот Лешочки фестивал. Таа ја отпеа песната „Послание“, музичка композиција која првпат ја отпеала пред 10 години. Таа вели дека токму со оваа песна во манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј и Пресвета Богородица“ се одбележаа и 50 години од автокефалноста на Македонската православна црква.

„0ваа година е одбележувањето на 50-годишнината од автокефалноста на МПЦ. Песната што ја отпеав, „Послание“, е од пред 10 години. Тоа е една прекрасна композиција која кажува една историја“, рече Сузана Спасовска. Фолк-пејачката се надева дека Лешочкиот фестивал ќе се одржува уште многу години затоа што, покрај добрата организација и промоција на македонската песна, тоа е одлично место за дружење на пејачите.

Scroll to Top