Свежи цвеќиња на гробот на Есма

 

 

По реакциите за несредениот гроб на Есма Реџепова – Теодосиевска, нејзиниот внук Аднан Реџеп објави фотографии на кои се гледа дека врз земјата се ставени букети со свежо цвеќе.

Тој пред неколку дена најави дека гробот ќе биде среден.

„Мојата тетка беше и засекогаш ќе остане во нашите срца, но ние, Реџепови, а посебно јас, Аднан Реџеп, нејзиниот сакан внук, ги замолувам сите нејзини фанови и цела македонска јавност за малку трпение. Јас сум во преговори со една странска фирма специјализирана за уникатни споменици на славни личности, која ќе биде одговорна за изградба на нејзиното вечно живеалиште. Мислам дека проектот е толку убав што секој Есмин фан и обожавател ќе биде вчудовиден од убавината и квалитетот на споменикот. Ви благодарам на сите што се сетивте и реагиравте, но уште еднаш ве молам за малку трпение“, рече внукот на Есма.

Кралицата на ромската песна почина лани во декември, а според обичаите на муслиманите, спомен-плоча се поставува една година по смртта.

 

Scroll to Top