Тамара облечена ко Олимпија, мајката на Александар Македонски, пееше на прославта за Денот на независноста

Поп-пејачката Тамара Тодевска вчеравечер пееше на прославата за Денот на независноста на Македонија. И овој пат на сцената изгледаше одлично, посебно поради стилот на облеката – црвениот сатенски фустан во комбинација со златест накит и чевли, кој асоцираше на жените од античка Македонија.

Уште на прва фустанот остави впечаток оти многу потсети на оној кој го носеше Олимпија, мајката на Александар Македонски во  филмот Alexander the Great, со Колин Фарел и Анџелина Џоли. Шлицот само му даде провокативна секси нота во комбинација со златестите потпетици.

„Нека ни е честит Денот на независноста. Македонијо, татковино моја, те сакам бескрајно“, напиша Тамара.

Scroll to Top