Тијана како Дара Бубамара со најзабавен настап во ТЛЗП

Вчеравечер се емитуваше петтата епизода од четвртата сезона на музичкото шоу ТЛЗП, а нашата претставничка Тијана Дапчевиќ ја имитираше Дара Бубамара. Овој пат таа ја пееше песната „Ритам да те питам“ во дует со актерката Драгана Мичаловиќ, која го глумеше ликот на Џеј. Овој настап беше дополнет со позитивни коментари од жирито, кои не можеа да престанат да се смеат во текот на имитацијата на Тијана и Драгана. Позитивни беа и коментарите на социјалните мрежи кои го опишаа како најзабавниот настап во оваа сезона на ТЛЗП.

„Толку ни беше смешно и нам за време на настапот што со Гага се обидувавме да не прснеме од смеење додека сме на сцената“, рече Тијана за „Репортер“.

Следната недела ја очекува нова задача – овој пат да ја имитира Беби Дол, која се натпреварува во шоуто оваа сезона.

(А.Ј)

Scroll to Top