Тијана како Мадона во ТЛЗП

Во вчерашното издание на шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана имаше задача да ја имитира Мадона со песната Bitch I’m Madona и нејзиниот настап во шоуто на Џими Фелон.

Тијана освои најмногу гласови од членовите на жирито, кои беа полни со пофалби за нејзината имитација, но по гласањето на учесниците, победата му припадна на Бранислав Лекиќ.

Во полуфиналната емисија Тијана ќе ја имитира Пинк.

„Веќе сум на проба за полуфиналето“, ни рече Тијана.

Ова ќе биде прва емисија што ќе се емитува во живо, а публиката ќе може да гласа за својот фаворит за шоуто. Петмина учесници ќе влезат во финалето што ќе се одржи на 17 декември, а ќе се борат за награда од 25.000 евра, кои ќе ги дадат во хуманитарни цели по свој избор.

(А.Ј)

Scroll to Top