Тијана: Не ми беше тешко да бидам Здравко Чолиќ

Вчеравечер почна четвртата сезона од регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, а Тијана Дапчевиќ ја помина најтешката пречка од сите – првата имитација. Нејзина прва задача беше Здравко Чолиќ и песната „Главо луда“ за кои Тијана доби одлични коментари од жирито.

По шоуто, Тијана изјави за „Репортер“:

„Секој лик за имитација сам по себе е предизвик и му приоѓам со сериозна подготовка вокално и физички. Но, го студирам ликот подетално и го обликувам од секој аспект.“

 

Таа рече дека некои ликови ѝ се бескрајно инспиративни и предизвикувачки, а некои се лесни и може да се подготват беспрекорно за кусо време.

„Мојата прва задача, Здравко Чолиќ, беше многу лесна. Неговиот настап со чудесните ‘Седморица млади’ како Локици го знам на памет уште од детството. На снимањето и пробите е бескрајно забавно и мислам дека ова шоу е феноменално освежување за целиот регион, посебно за македонската публика. Напорно е многу, ама е голема радост да се работи на ваков проект“, ни рече Тијана.

Во продолжение можете да го погледнете првиот настап на Тијана.

Scroll to Top