Тијана: „Се надевам ќе победам во ТЛЗП“

Утревечер во 21 часот ќе почне финалната емисија на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“. Нашата претставничка Тијана Дапчевиќ како првопласирана влезе во финалето и не крие дека се надева дека ќе победи.

„Потполно сум опуштена зашто знам каде сум и колку се дадов себеси посебно во овие две нумери како Фреди. Ако кажам дека не се надевам дека ќе победам, ќе излажам. Сите финалисти потајно се надеваме. Јас знам дека мојата земја ќе се соедини, ќе застане зад мене и дека благодарение на гласовите од Македонија ќе поминам исто како во полуфиналето“, изјави Тијана за „Репортер“.

Таа во последната емисија ќе го имитира Фреди Меркјури, пејачот на групата „Квин“. Едита ќе биде Бијонсе, Драгана ќе ја имитира Џенифер Лопез, Леон ќе биде Синан Сакиќ, а Стеван ќе пее песна од Елвис Присли.

Специјален гостин во емисијата ќе биде Елена Ристеска, а специјален член на жирито Тончи Хуљиќ.

(А.Ј)

Scroll to Top