Тодоров на шопинг со сопругата во „Сити мол“

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, по повлекувањето од политиката и најавата дека ѝ се враќа на адвокатурата, често може да се види како пазарува во трговските центри. Вчера заедно до сопругата Сашка и синовите беше во трговскиот центар „Сити мол“.

Додека беше министер, Тодоров ретко зборуваше за приватниот живот. Тој не го експонира семејството во јавноста, освен на некои поголеми настани, ретко кога можевме да го видиме во друштво на сопругата Сашка.

Оние што ги познаваат велат дека нивната љубов започнала уште пред Никола да се активира во партијата. Тие долго време биле најдобри другари, уште од средношколските денови во економското училиште „Васил Антевски – Дрен“. Љубовната врска, раскажуваат нивните блиски, почнала во Маврово, а по неколку години, тие се решиле и за брак. Од бракот ги имаат синовите Марко и Калин.

Scroll to Top