Тони Зен: Се чувствувам како Берта Додевска

Раперот Тони Зен последните денови од летото ужива во убавините на Португалија, па периодов на социјалните мрежи објавува фотографии од посетите на Синтра, Кабо да Рока, Порто и Каскаис. Деновите поминати во Португалија Зен ги користи за прошетка по туристичките атракции, но и за места и плажи кои не се толку познати, освен за локалното население.

На фотографиите пишува дека сите би требале да ја посетат оваа земја. Но, под серијата фотографии од направени денеска во Порто, раперот напиша: „Се чувствувам како Берта Додевска“.

 

Scroll to Top