„Тоска“ во МОБ со Весна Ѓиновска -Илкова

By

Оперската певица Весна Ѓиновска -Илкова ќе настапи во улогата на Тоска, во истоимената опера од Џакомо Пучини на 6 октомври во Македонската опера и балет. Операта започнува во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија, певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Нејзиното деби на сцената на Македонската опера и балет во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“ . На меѓународната сцена за прв пат настапила во 2001 година во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди.  Досега настапувала во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија во постановките на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“. Македонската критика ја нарекува „мајстор на патосот и драмата“.

Ќе ви се допадне