Трансродовата пејачка Фифи ќе ја пее химната на ЛГБТ-заедницата

ЛГБТ-заедницата во Македонија наскоро ќе добие своја химна. Идејата за химната била на трансродовата поп-пејачка Фифи, која веќе подолг период живее и работи во Шведска. Текстот за химната го напиша Ксенија Николова, а темата носи наслов „Јас ли треба да се променам“.  Песната ќе ја пее Фифи во дует со пејачка од Шведска.

Текстописецот Ксенија Николова зад себе има три романи, а моментно работи на четвртиот. Позната е како текстописец кој соработува со многу успешни музичари, помеѓу кои Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Александар Тарабунов, Маја Вукичевиќ, групата „Куку леле“ и други. Николова на својот фејсбук-профил напиша дека се гордее што е дел од тимот кој ја подготвува химната на ЛГБТ-заедницата во Македонија. Таа истакна и дека воопшто не ја засегаат критиките и негативните коментари за сето ова.

Фифи, пак, која заедно со поп-пејачка од Шведска ќе биде изведувач на химната, во неколку наврати изјави дека изминатиов период, откако ја напушти Македонија, се чувствува како човек со исти права и живее нормален живот без понижувања и секојдневни навреди поради својата родова определба.

Scroll to Top