Црвен тепих за новата градоначалничка на Битола

Новата градоначалничка на Општина Битола, Наташа Петровска, беше пречекана на црвен тепих и со букет цвеќе за да ја превземе функцијата.

Петровска е првата жена градоначалник на Битола, а по официјалната свечена церемонија на примопредавање на функцијата, таа почна да раководи со Општината.

Овој момент е историски за нашиот град, истакна доскорешниот градоначалник Владимир Талески, кој на Петровска на симболичен начин и го предаде клучот на градот.

„ Петровска убедливо победи на локалните избори, и ја честитам победата, и посакувам трпение, среќа и задоволство во работата што ќе ја работи бидејќи општина Битола не е како секоја друга општина во државата. Тоа обврзува и бара посветеност за развој на општината “, рече  Талески.

Scroll to Top