Цветанка Ласкова и Лила ставија пакетчиња под елките во „Сити мол“

Фолк-пејачкaта и советничка за култура на премиерот Заев, Цветанка Ласкова, се придружи на хуманитарната акција во „Сити мол“ и донираше 40 пакетчиња под 12-те елки кои претставуваат 12 медиуми. Секој медиум избра по едно социјално загрозено семејство кому ќе му ги даде подароците оставени под елките.

„Се приклучивме на оваа акција со цел да ги израдуваме најмладите во овие 12 социјално загрозени семејства и да им посакаме здравје и среќа во новата 2018 година“, рече Ласкова.

Во акцијата ѝ се придружија и јавните личности од Македонија, меѓу кои и познатата водителка Лила Филиповска, која исто така донираше за социјално загрозените семејства.

„Секој кој има малку емпатија и чувства го поканувам да дојде на вториот кат во ‘Сити мол’ и да остави подароци. Има голем интерес и им благодарам на сите кои досега донираа. Не е важно што ќе биде оставено, важно е да знаеме дека некој мисли на овие деца кои во овој период од годината немаат леб да јадат, а најмалку да прославуваат“, вели Лила Филиповска.

Хуманитарната акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ почна на 18 декември, а граѓаните ќе имаат можност да донираат средства за социјално загрозени семејства до 4 јануари. Досега се собрани вкупно 135 подароци.

Scroll to Top