Уапсени оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски

Оперскиот пејач со светско реноме Игор Дурловски беше уапсен утрово заедно со уште неколку лица, меѓу кои и актерот Владо Јовановски.

Причината за апсењето се настаните што се случија на 27 април, а во кои учествуваа и Дурловски и Јовановски. И двајцата беа дел од граѓанското движење „За заедничка Македонија“, а влегоа во Собранието со цел да го спречат изборот на новата влада.

Дурловски во мај поднесе оставка од директорското место во МОБ и на позицијата професор на Факултетот за музичка уметност. Оставките ги објави на „Фејсбук“.

Освен актерот и оперскиот пејач, уапсени се и Митко Чавков и неколку пратеници.

Scroll to Top