Велевска со децата избега од Охрид

Откако покрена бракоразводна парница и потврди дека се разведува од сопругот Марјан, Елена Велевска со децата замина на одмор. Таа веќе неколку дена е во Грција, каде реши да се одмори и да си ги среди мислите по сè што ѝ се случуваше минатата недела.Нејзините блиски велат „реши да избега од Охрид поради целата врева што ја следеше изминатиов период“.

Велевска прозборе за разводот, била жртва на сејмено насилство

 

Фолк-пејачката неодамна беше во центарот на вниманието откако ја потврди веста дека ставила крај на бракот со Марјан, со кого беа  10 години заедно. Таа изјави дека конечно решила заради децата и заради себе да му стави крај на семејното насилство со кое се соочувала изминативе години во бракот.

Scroll to Top