Весна лута : Сите се „душебрижници” со претпоставки од најгнасен тип

Актерката Весна Петрушевска, конечно се огласи на својот фејсбук-профил. Лута, пак не кажа како колата паднала во Вардар, но објасни дека многу се шпекулирало за нејзиното возило во Вардар.

„За сите вас ‘душебрижници’ со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат оти бргу се прошири веста“, напишала Весна.

Таа понатаму вели: „Дали помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате  постови до утре и назад! Кога последен пат сте помогнале некому? Јас секојдневно! Бев на проба со децата од ‘Бејби шоу’, работиме на убави нешта, се учиме на достоинствен живот и живот без различности“, напиша таа.

Им се заблагодари на пожарникарите и на полицијата кои биле на висина на задачата.

„Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно. Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш! Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене 7 часа на нозе. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица: ‘Само ти да си ни добра’!”

Scroll to Top