(ВИДЕО) Анита Мицова: „На пат кон југ“ е за мојот сопруг

Поп-пејачката Анита Мицова го промовира спотот за песната „На пат кон југ“, композиција што се наоѓа на нејзиниот албум „Ти сум јас“. Песната е валцер, со етнопризвук, а спотот е снимен во околината на Охрид. 
 
„Оваа песна има посебно значење за мене. Композицијата говори за мојот живот и за животот на мојот сопруг, кој неколку месеци беше далеку од нас. Спотот, кој навидум е едноставно и е снимен во два кадра, има приказна во која ќе се пронајдат многумина. Композицијата има специфичен мелос, а доминираат хармониката и перкусиите“, вели Мицова.
Во видеоспотот, покрај Анита Мицова, се појавува и Ева Куциноска. Таа преку овој запис ја остварува својата желба од детството да свири на хармоника.
 
„Сакам да оставам зад себе квалитетна музика. Промовирањето на албумот, композициите и спотовите чинат пари, и благодарение на мојот сопруг Марко, кој долго време беше далеку од мене, а кому му ја посветив оваа песна, јас можам да го постигнам ова. Спотот беше изненадување за него, мој подарок за неговото враќање дома“, истакнува Мицова.

Scroll to Top