(Видео) Биткоин за Елена Ристеска

Елена Ристеска гостува во песната „Биткоин“ на рускиот рапер КДДК. Песната има етно призвук, а руските медиуми ја опишуваат како нов летен хит, а Елена ја нарекуваат легенда на македонската музика.

„Со Кирил од ‘Ефектив рекордс’ неодамна ја снимивме песната ‘Биткоин’. Веќе ја промовиравме во Москва на фестивалот ‘Мејдеј’, а сега е готов и спотот. Кирил е мој менаџер за Русија. Подготвуваме уште нешто заедно и ова нема да биде наша единствена соработка“, рече Елена за „Репортер“.

Единствената замерка на фановите на Елена е што таа не се појавува во видеото.

Scroll to Top