(Видео) Џамбазов во минатиот век личел на Илина

Игор Џамбазов објави старо видео од телевизиско гостување, па се пошегува на своја сметка и како бил облечен. Тој носи бела блуза и црвен елек и откри дека бил во креација на Александар Ношпал.

„Телевизиската мода од минатиот век“, напиша Игор.

Видеото им направи мерак на неговите пријатели, кои коментираа дека Игор на снимката личи на Илина. Велат дека само Игор знае вака да ги насмее и да ги врати во едни убави времиња. „Брат, си имал и полоши изданија“, му напишаа во коментарите.

Scroll to Top