(Видео) Елена Велевска доби диплома

Фолк-пејачката Елена Велевска деновиве учествуваше на семинар за соло пеење во Струга. На крајот од обуката таа доби диплома со која се пофали на социјалните мрежи. Пејачката објави слики и видео од настанот, па им се заблагодари на професорките од кои научила нешто ново. Пријателите ѝ честитаа за дипломирањето.

„Вечерва побогата со уште една диплома на ’Семинарот за соло-пеење’ во Струга. Секоја чест за прекрасните Лиле Булоска и проф. Марија Муратовска и за извонредните девојки кои ја направија оваа вечер незаборавна. Музиката е мојот живот“, напиша пејачката.

Велевска долги години а активна на музичката сцена во Македонија. Таа има издадено неколку албуми, настапувала на фестивали и има освоено бројни награди. Нејзина последна песна е „Во срцето на Балканот“.

Scroll to Top