(ВИДЕО) Елена Велевска промовира ново видео

 

Фолк-пејачката Елена Велевска го промовира новото видео за македонската верзија на својата последната песна „Недостапна за тебе“. Оваа песна првин излезе на бугарски јазик, а по промовирањето, Елена најави дека набргу ќе има и македонска верзија.


„ Драги мои, во знак на благодарност за поддршката што ми ја давате сите овие години ви го подарувам мојот најнов видеоклип за македонската верзија на последната моја песна „Недостапна за тебе“. Вие сте мојата мотивација да продолжам да творам“, напиша Велевска.

Scroll to Top