Откако вечера ѝ се скрши штиклата на обвинителката Фатиме Фетаи среде судењето на Латас за викендичките во Зелениково, денес обвинителката е стабилна. Таа дојде на судење облечена во црна комбинација-елегантни панталони и палто во комбинација со елегантна црна салонка.
Обвинителката вчера се најде затечена откако ѝ пукна штиклата, но на време се реагираше, па ѝ донесоа нови потпетици.
„Не знам како ми се случи ова“, рече вчера Фатиме, па откако го облече новиот пар штикли, продолжи со судењето.