(ВИДЕО) Груевски купи ѓеврече, си чекаше и кусур

По денешното рочиште за случајот „Тенк“ на СЈО експремиерот Никола Груевски излегувајќи од судот, си купи ѓеврече и јогурт од продавачот пред Судската палата. Кесата со купеното му ја подаде на обезбедувањето и застана да се слика со минувачите. Интересно е тоа што Груевски стрпливо си го чекаше и кусурот од купениот доручек.

 

Инаку, на денешното рочиште за случајот „Тенк“ судот сослуша тројца сведоци за набавката на „мерцедесот“. Од нив двајца се вработени во МВР, кои учествувале во постапката за набавка. Сведочеше и директорот за продажба во „Мак ауто стар“.

 

Scroll to Top