(Видео) „Хепи енд“ ја промовираа првата песна

Момците од бендот „Хепи енд“ вчера ја промовираа својата прва песна „Кога би била моја“. Автори на песната во поп-рок стил се Лазар и Магдалена Цветкоски, а спотот го изработи „Фабрика“ продукција.

„Се надеваме дека песната ќе ѝ се допадне на публиката. Ова е наше првенче кое ќе биде почеток на многу интересни проекти во иднина“, велат момците.

„Хепи енд“ постојат од 2012 година. Публиката најмногу ги познава како предгрупа што настапувала на концертите на Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас во Македонија.

Scroll to Top