(Видео) Јоце Панов ја промовира песната „Вирус“

Пејачот Јоце Панов го промовира видеото за својата нова песна со наслов „Вирус“. Песната е во издание на продуцентска куќа „Сити рекордс“, а нејзин комплетен автор е Горан Јовановиќ. Видеозаписот е снимен во 4К-резолуција на неколку локации во Грција, а режијата е на Дарио Јанковиќ, кој е долгогодишен соработник на Панов. Главната улога во видеото ја има манекенката Ангела Ставреска од модното студио „Црнокрак“.

Scroll to Top