(Видео) Лозано има нова песна

Влатко Лозаноски – Лозано денеска ја промовира новата песна „Камо тебе да те имам“.

„И оваа песна ја работев со Магдалена и Лазар Цветкоски, со кои соработувам подолго време. Текстот го напиша Магдалена, а музиката и аранжманот ги направи Лазе. Тој ги отсвире гитарата и басот во песната, а тројцата заедно ги испеавме бек-вокалите“, рече Лозано за „Репортер“.

Влатко песната ја промовира заедно со лирикс-видео. Рече дека за оваа песна нема да снима спот, но додаде дека спот ќе има за следната песна што веќе ја подготвува, а ќе излезе за неколку месеци.

(А.Ј.)

Scroll to Top