(Видео) „Луда мала“, нова песна на „Само Тони и две жени“

Годинава на „Макфест“ настапија Тони, Тина и Маца, познати како „Само Тони и две жени“. Тие ја испеаја песната „Луда мала“. Песната е брза, динамична и карактеристична за нив. Музиката и аранжманот се на Антонио Ристоски – Тони, а текстот е на Марија Докузова (Маца).
„Песната чекаше речиси две години за да биде промовирана на „Макфест“. Освоивме награда за најдобар сценски настап, а тоа е повеќе и од доволно за нас како дебитанти на сцената на овој фестивал. Самата динамичност на песната бараше и живост во настапот, па затоа се споивме со актерот и режисер Ефтим Трајчов Ѓаурски, кој го реализира сценскиот настап, но и самиот беше учесник“, вели Тони.

Подготовките за настапот на „Макфест“ траеле речиси два месеца поради актерскиот и физички предизвик што го барала песната. Идејата била трите минути на сцената да личат на сцена од мјузикл.

„Добрите реакции од публиката се уште една причина да продолжиме како „Само Тони и две жени“, да создаваме, пропагираме и негуваме македонска музика.

Scroll to Top