(Видео) Мијата испеа домаќинска песна

Поп-пејачката Наташа Мијат Крстевска, позната како Мијата, го промовираше спотот за нејзината нова песна „Домаќинска“. Музиката и текстот на песната ги направи Мијата, а аранжманот и продукцијата се на Петар Димитровски. Мијата е и режисер на спотот.

„Многу ми е драго што публиката ќе ме види во едно порелаксирано и шеговито издание, а притоа кажувам голема вистина во истото. ‘Домаќинска’ е едно ново поглавје во мојата музичка кариера како позрел автор и интерпретатор. Голема благодарност до девојките од спотот, Стефанија Милевска, Катерина Илиоска и Ангела Здравковска“, рече Мијата за „Репортер“.

Scroll to Top