(Видео) Наташа Малинкова разочарана од љубовта

Поп-пејачката Наташа Малинкова го промовира спотот за својата нова песна „Ако грев е што те сакам“. Песната е аренби балада, емотивна песна за неостварена љубов.

„Пеам за љубовта во која сум верувала многу, но има нешто што нè спречува да сме заедно. Во спотот сум сама во својот стан и се борам со своите чувства“, вели Наташа за „Репортер“.

На оваа балада Наташа повторно работеше со својот долгогодишен соработник. Спотот го сними „Веста продукција“ од Битола, а сниман е на две локации во Охрид.

Scroll to Top