(Видео) Никој не оптеа подобро од Македонката Миа Мустафа

14-годишната Македонка Миа Мустафа го воодушеви жирито на „Пинкови ѕвездички“. Младата девојка ја испеа песната „Валери“ од Ејми Вајнхаус и доби бројни пофалби за својата изведба.

Дел од коментарите на жирито беа „Досега не сме слушнале вакво извонредно пеење“, „Никој вака не ја испеал оваа песна, дури и повозрасните колеги ги победи“, „Пееш со огромна леснотија, а со толку убавина во твојот глас. Ти посакувам да ни пееш 100 години и да те слушаме на концерти низ светот“.

Миа добива бројни пофалби по секој настап во шоуто. Но членовите на жирито овојпат беа едногласни дека Миа треба да стапи во контакт со музичкиот продуцент Дарко Димитров за да ѝ направи песна со која би ја започнала својата музичка кариера.

Настапот на Миа почнува на 1 час 21 минута во видеото.

Scroll to Top