(ВИДЕО) Панчо играше чочек пред новиот тунел

Владимир Блажов или Панчо од дуото ДНК реши да направи хумор на сметка на работниците кои неодамна играа во тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица. Па така, пејачот застана пред тунелот и играше на народна музика. Видеото го пушти на својот Фејсбук профил и се понуди да игра за пари на било какави церемонии.

„Почитувани, Ви стојам на располагање за секаков вид на отварање на: тунели, чешмички, автопатишта и сите останати церемонии. Цена во инбокс. Со почит, Панчо“, вели пејачот.

 

 

Scroll to Top