(ВИДЕО) Панчо од ДНК ја расплака Елена Ристеска

Панчо од ДНК ја изненади Елана Ристеска, откако ја препеа  нејзината песна „Есен во мене“, која е стара една деценија. Песната доби своја кавер верзија во анплакт варијанта. Пее Панчо, а ја продуцираше Лазар Цветковски.

„Драги луѓе. Особена чест и задоволство ни претставува со вас да ја споделиме кавер верзијата за Македонската евергрин класика “Есен во мене” испеана од нашиот феноменален вокал Елена Ристеска. Оваа година нумерата слави точно 10 години од нејзиното издавање,па заедно со нашиот продуцент Лазар Цветковски решивме да го прославиме јубилејот на малке поинаков начин“, вели Панчо.

Елана пак јавно призна дека и е чест што ја преработиле токму нејзината песна.

„Поубав начин од овој, мој колега да направи преубав кавер за прославување 10 годишнина на песна, нема. Ти благодарам за искрената емоција и љубов со која ја отпеа ‘Есен во мене’, се наежив и насолзив кога ја слушнав“, рече поп-пејачката.

Scroll to Top