(ВИДЕО)„Полско цвеќе“ на Тоше доби нова верзија

„Инструментал бенд“ со видеозапис и преработка на песната „Полско цвеќе“ ја одбележува 10-годишнината од трагичната смрт на поп-ѕвездата Тоше Проески.

„Со оваа убава песна сакаме да ја одбележиме 10-годишнината од смртта на поп-ѕвездата и да ги посетиме сите дека Тоше сè уште живее во нашите срца. Изразуваме огромна почит и благодарност кон сè што направи“, велат од бендот.

Преработката на песната е во продукција на Михајло Манојловски, а видеозаписот е снимен во режија на „Куба видео“ на неколку локации во Крушево, на брегот на Преспанското Езеро и во Националниот парк „Пелистер“. На спотот се појавува уметникот Александар Поповски сликајќи го портретот на Тоше, но и кавалџијата Алекс Петковски. Музичкиот состав „Инструментал бенд“ постои од 2005 година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас-гитара.

Scroll to Top