(ВИДЕО) Премиере, Прличев е од Охрид!

На социјалните мрежи хит е новото видео од митингот на СДСМ во Велес, каде што премиерот Зоран Заев згреши во најавата. Обраќајќи им се на велешани и редејќи ги сите дејци што се од таму, премиерот Заев го поздрави Велес и како град на Григор Прличев. „Википедија“, пак, вели дека Григор Прличев е роден во Охрид на 18 јануари 1830. Тој е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век.

Scroll to Top