(Видео) Промовирана Light the flame, нова песна од Тоше Проески

Новата песна на Тоше Проески, со наслов Light the flame, беше промовирана на плоштадот Македонија во Скопје, во текот на настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо за Тоше“. Новата песна е дело на англискиот продуцент Енди Рајт и е најава за новиот албум што треба набргу да излезе.

Промоцијата на песната се одржа на 10-годишнината од последниот концерт на Тоше. Овој настан традиционално го организираат фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“.

Scroll to Top