(ВИДЕО) Шилегов хит на социјалните мрежи

Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов во опуштена атмосфера во еден скопски локал, освен што се забавува, се фати и за микрофон. Снимката деновиве е хит на социјалните мрежи од која се гледа дека Шилегов опуштено заедно со цела кафеана во еден глас ја пее „Скопје“, легендарниот хит на Леб и сол“.

Шилегов стана градоначалник во првиот круг на локалните избори, но на снимката, веројатно, тој ја слави победата на другите градоначалници од СДСМ, кои победија во вториот круг на изборите.

Шилегов не е единствениот скопски градоначалник што запеал.

Тука е и поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски, кој секогаш јавно кажувал дека го бидува за пеење. За разлика од нив двајца, градоначалниците Коце Трајановски и Ристо Пенов не се покажале како пејачи.

Scroll to Top