(Видео) Шилегов во пејачки занес

Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Скопје, по митингот на СДСМ и коалицијата што вчера се одржа во Скопје, замина на забава во еден скопски ресторан.  На журката пееше Бени со својот бенд. Во еден момент, понесен од атмосферата, Шилегов го зеде микрофонот од Бени и ја испеа песната „Скопје“ од „Леб и сол“. Како вистински шоумен тој дури и го сврте микрофонот кон публиката и заедно со присутните пееја како да се на концерт.

Scroll to Top