(Видео) Студентка по медицина од Струмица растури во „Гранд“: Со години сме немале волку добар кандидат

Македонската натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова од Струмица, вчера го воодушеви жирито со нејзиниот настап. Таа растури на сцената и е првиот кандидат во оваа сезона кој ги доби сите осум гласови. Славица прво ја пееше „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска, а потоа „Лутка за бал“ од „Парни ваљак“.

Ангелова не можеше да се одлучи кој да биде нејзин ментор, па иако бираше меѓу Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, на крајот го избра Ѓорѓе.

„Голема чест ми е! Морам да ви кажам дека од Џејла Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил, Со години сме немале ваков кандидат“, рече Давид.

Ова не е прво музичко шоу на кое се натпреварува Славица. Таа претходно пеела и во „Некои нови клинци“.

Настапот на Ангелова почнува на 55:00 минута.

Scroll to Top