(ВИДЕО) Сузе со песна ги развесели туристите на Кинескиот ѕид  

Фолк-пејачката Сузана Спасовска напиша дека по 6 илјади искачени скалила се качи на Кинескиот ѕид, па запеа. Додека траеше перформансот на Сузе, воодушевените Кинези и туристи застануваа да ја слушнат песната на фолк-пејачката и ракоплескаа.

Видеото од песната што Сузе ја испеа на Кинескиот ѕид таа го сподели на својот фејсбук-профил.

Фолк-пејачката веќе подолго време е во Пекинг. Таа е чест гостин во оваа земја и една од ретките Македонци кои го учат и зборуваат кинескиот јазик.

 

Scroll to Top