(ВИДЕО) Велевска: Сакам да се наметнам со модерна песна

Фолк-пејачката Елена Велевска сними спот за македонската верзија на песната „Недостапна за тебе“. Првата верзија на песната е на бугарски јазик, а бугарските медиуми наголемо пишуваа дека фолк-пејачката ги освоила симпатиите на тамошната публика.

„Од македонската верзија очекувам многу повеќе“, вели Велевска. Видеото го сними „ИН продукција“. Текстот за песната е на Љупчо Василев, а музиката е на Оцко. Елена вели дека се надева оти оваа песна е вистинско освежување за македонската музика. „Се надевам дека песнава ќе го постигне истиот успех како и ‘Наркотику мој’, ‘Невина’, ‘Луда и перверзен’ и ‘Погледни ме за крај’. Македонската музика не треба да биде во застој и затоа сакам да се активираме со колегите и да направиме еден музички напад. Новава песна е со модерна музика што сакам да им ја наметнам на нашата публика, тоа е тоа издание по кое сакам да ја насочам и фолк-музиката. Мислам дека имаме полн погодок, а времето ќе покаже што ќе се случи во иднина“, додава Велевска.

Scroll to Top