(Видео) Викторија Лоба има нов спот

Поп-пејачката Викторија Лоба сними спот за баладата „Херој“. Оваа песна е најава за нејзиниот албум што ќе излезе на 30 мај.

Песната во етно стил е дело на Роберт Билбилов, со кого Лоба соработува одамна. Видеото е снимано на Водно, во еден од најстудените денови оваа зима, на -10 степени.

Викторија планира песната да ја препее и на англиски јазик.

Scroll to Top