(ВИДЕО) Заев печеше струмички костени 

Премиерот Зоран Заев и оваа година не заборави да присуства на

Фестивалот на смоларскиот костен во Струмичкиот Регион.

Тој ова го објави на својата фејсбук фан-страница споделувајќи и видео.

„Денеска бев на една од најтипичните манифестации во струмичкиот регион – Фестивалот на смоларскиот костен. Овој фестивал се одржува секоја година во сезоната на костените и тој ги слави и промовира природните убавини во подножјето на планината Беласица. Негувајќи ја традицијата, продолжуваме да го одржуваме духот на заедништво кога се собираме сите граѓаните заедно како што може и како што треба да личи помеѓу нас, во нашата Македонија“, напиша Заев.

Scroll to Top