Викторија Лоба стана амбасадорка за убавина

Поп-пејачката Викторија Лоба е новото заштитно лице на Орифлејм Македонија. Денеска во ресторанот Four Орифлеим ја претстави својата амбасадорка. Лоба откако ја раскажа приказната како станала заштитно лице на познатата шветска козметичка линија, пред присутните ја отпеа и својата најнова песна.

Орифлејм веќе 50 години е дел од козметичкиот свет, а на македонскиот пазар е 22 години.

Новото бренд мото е  „Убава на свој начин“ .

На настанот покрај Лоба се обрати  и директорот на „Орифлеим“ за Македонија, Влатко Смилески, кој изјави: „Чест ми е да бидам дел од ова семејство кое по 50 години постоење прерасна во козметички гигант, посилен од кога било со докажан интернационален успех. Ние веруваме во убавината! На прашањето зошто токму Лоба, тој рече дека не се двоумеле, во Викторија виделе сè што е и „Орифлејм“.

Scroll to Top