Владата на Заев склона на луксуз, дволичност и ексцентричност

Во владата на премиерот Зоран Зеав доминира планетата Венера. Ако се земе предвид дека дури пет политичари од таму се во хороскопски знак вага, со кого владее Венера, тогаш испаѓа дека во македонската влада тече мед и млеко, оти за вагата општите карактеристики се љубов, мир и баланс. Рамнотежата е клучниот знак за вагата. Но, за вагата е карактеристика и желбата да се луксузира и убаво да се облече.  Мирољубиви и правични, според хороскопот на вага се: премиерот Зоран Заев, кој е роден на 8 октомври, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, чиј роденден е на 21 октомври, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, роден на 30 септември. Во ова друштво на „победнички менталитет и кооперативност“ се и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, роден на 30 септември, и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, роден на 11 септември .

Оливер Сапсовски министер за внатрешни работи

Сепак, не е сè така идеално тука оти на Венера ѝ се спротивставува темниот Меркур, ама и Сатурн и Уран. Оти во владата е пата-пата на близнакот и водолијата. Јинг-јаг карактеристиките на близнаците прави хороскопски таму да биде поинтересно. Па така смирените ваги ги изместува од колосек „променливиот, дволичен, некогаш нестабилен“ близнак. Но, близнаците го имаат умот како движечката сила во разговорите, па хороскопски интелектуално наклонети и љубопитни се Радмила Шеќеринска, министерка за одбрана, родена на 10 јуни, во друштво со министерот за здравство, Венко Филипче, чиј роденден е на 13 јуни, и Кочо Анѓушев, роден на 20 јуни, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања.

Венко Филипче ,министер за здравство

Ексцентричните водолии, кои секогаш се пред времето и со опасна интуиција да ги предвидат работите, почнуваат со   Драган Тевдовски, министерот за финансии, кој заедно со Садула Дураку за животна средина се на ист ден родени, 21 , а министерот за информатика, Дамјан Манчевски, е на 27 јануари.

Садула Дураку министер за животна средина

Романтичниот Билен Саљији, министер за правда, е хороскопски рак, роден на 23 јуни. Министерот за транспорт, Горан Сугарески, е лав, заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски (20 август), зад мистериозната и секси скорпија Роберт Алаѓозовски, министер за култура, роден на 27 октомври.

Рената Десковска, министер за образовение и наука

Рената Дескоска за образование е родена на 3 мај, и заедно со Мила Царовска, родена на 6 мај, се биковите во Владата. Хазби Лика за спроведување Рамковен е единствениот овен со роденден на 19 април.

Александра Георгиев

Scroll to Top