Внуката Инес ја изненади Каролина среде концертот во Битола

Поп-пејачката Каролина Гочева одржа два концерта во Битола. Таа се пофали дека најголема поддршка ѝ се внуките Луција и Инес. Каролина на својот инстаграм-профил објави неколку приказни од пробите пред концертите и од самиот концерт на кои се гледа како девојчињата се забавуваат.

Луција

На пробата пред првиот концерт Луција си игра во салата. Инес, пак, ја изненади Каролина кога се појави пред бината на вториот концерт и почна да игра.

Инес

Концертите во Битола се одржаа со паролата „Каролина се враќа дома“, а таа го промовираше последниот албум „Извор“. Каролина веќе одржа седум успешни концерти во Скопје и еден во Охрид.

Scroll to Top