Водителката на „Брза кујна“ пред десет години

Александра Пановска, која ја знаеме како водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“. Ова беше нејзиниот прв телевизиски ангажман како водителка.

32-годишната скопјанка е вистинска миленичка на публиката во Македонија. Но, малкумина се сеќаваат на неа од пред десет години кога се појави во спотот на Јован Јованов за песната „Сега јас си заминувам“. Тука Александра е во сосема поинакво издание од денес.

Scroll to Top